Денови на словенечка книжевност во НУБ „Св. Климент Охридски“
Манифестацијата ќе опфати и книжевна средба со афирмирани словенечки автори, како и тркалезна маса на тема „Книжевниот превод како предизвик и неопходен процес“.

Националните библиотеки на Македонија и на Словенија денеска ќе потпишат нов договор за соработка во рамките на манифестацијата „Денови на словенечка книжевност во Република Македонија“ која ќе се одржи во Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“.
Манифестацијата ќе опфати и книжевна средба со афирмирани словенечки автори, како и тркалезна маса на тема „Книжевниот превод како предизвик и неопходен процес“.
Во НУБ по повод настанот ќе биде отворена изложба на книги од автори од Словенија преведени на македонски јазик и објавени во периодот од 1991 до 2017 година.
