Одложено судското рочиште за случајот „Труст“

07.11.2017 11:55

Одбраната тврди дека не ја добила листата на докази кои по службена должност треба да им бидат доставени пред почетокот на главната расправа.

Се одложи стартот на судењето за предметот што го води Специјалното обвинителство под името „Труст“ за незаконски тендер за ископ на јаглен и јаловина во рудникот Суводол кај Битола.

Одбраната тврди дека не ја добила листата на докази кои по службена должност треба да им бидат доставени пред почетокот на главната расправа. Обвинителите тврдеа дека ги доставиле доказите до судот. Сепак, уште додека беа во судницата им дадоа копии на адвокатите во електронска форма.

Ново рочиште е закажано за идната недела.