Сирија: Повредени новинари и војници од Русија
07.11.2017 12:02
Руското Министерство наведе дека повредените лица се надвор од животна опасност.

Четворица новинари од руски телевизии и петмина припадници на Вооружените сили се ранети откако бил истрелан проектил во сирискиот град Деир ел Зор, соопшти руското Министерство за одбрана.
По нападот беа пренесени и хоспитализирани во воздухопловната база Хмејмим. Руското Министерство наведе дека повредените лица се надвор од животна опасност.
