Авганистан: Напад врз телевизиска станица

07.11.2017 12:35

Очевидците велат дека напаѓачите фрлале гранати и отвориле оган кога влегле во објектот. Исламска држава презеде одговорност.

Три вооружени лица извршија напад врз локална телевизиска станица во авганистанскиот главен град Кабул. Има жртви и повредени.

Очевидците велат дека напаѓачите фрлале гранати и отвориле оган кога влегле во објектот. Исламска држава презеде одговорност.

Телевизијата којашто била цел на нападот е партнерска станица на Би-Би-Си. Авганистан е една од најопасните земји за новинарите и медиумските работници.