Бизнис заедницата бара законска основа за холдинг и даночни повластувања
Стопанската комора бара посебен даночен режим и олеснување за холдинзите. Апелира да се следат европските практики. Бизнис- заедницата својата иницијатива ќе ја достави до Владата.

Законско регулирање на холдингот и посебен даночен режим за работа со него бара бизнис заедницата. Предлага, даночно ослободување на дивидентите што ќе ги исплаќа фирмата ќерка во оваа компанија, на приходите остварени при продажба на уделот на салдото на трансверирани парични средства, заеми. Од Стопанската комора форсираат да се создаде законска основа за распределба на добивката од работењето во тековната година од основачот кон фирмите во холдингот.
„Во досегашната регулатива тоа не е можно поради што остварената добивка може да се користи за реинвестирање и развој на фирмата дури откако ќе помине одреден период и сите рокови за поднесување финансиски извештаи и завршни сметки. Според законот, овие друштва сега имаат обврска да поднесуваат консолидирани извештаи само до Централниот регистар, но не и консолидирани даночни извештаи до надлежните институции. Тоа е нешто што ние сега го бараме за да се гледа какви даночни олеснувања би имале поврзаните друштва зашто нивното функционирање е поврзано со тоа, а ние го немаме, ни недостасува“, вели Елена Милевска- Штрбевска, оперативен директор при Стопанската комора на Македонија.
Во Македонија сега не постои можност за регистрација на холдинг друштва, постојат повеќе врзани фирми со обврска да поднесуваат консолидирани извештаи само до Централниот регистар, но не и даночна документација до надлежните институции. Со став дека сите европски законодавства предвидидуваат даночни повластувања за холдинзите, Комората очекува иницијативата да биде прифатена, во законите да биде имплементирана.
Сузана Фиданска- Стоевска
