И морските лавови танцуваат
Ронан танцува. Морската лавица го следи ритамот на музиката, и бавниот и брзиот.
На калифорнискиот Универзитет „Санта Круз“, тиеја научиле Ронан да ја движи главата во согласност со ритамот на музиката. А потоа, дури успеала да ја пренесе вештината и на звуци кои првпат ги слуша.
„Успехот на Ронан претставува голем проблем за теоријата дека вокалната мимикрија е неопходен предуслов за ритмичко забавување“ вели Питер Кук, дипломиран студент по психологија на Универзитетот „Санта Круз“
Значи ли ова дека човекот не е единствениот цицач кој може да врши ритмички координирани движења? Му се придружува ли морскиот лав?
Способностите на Ронан ги нарекуваат – ритмички забавни. Досега само папагалите покажале вештини за вокална мимикрија.
„ Досега немам сретнато некое животно, освен папагалите, кое вложува толку многу труд за да одржува ритам со музиката“, вели ПитерКук.
Во 2009-та Ронан ја спасија членови на Центарот за морски цицачи во Саусалито, на автопат, а од 2010-тата година се наоѓа во високо-образовната установа.
Идејата да се користи Ронан во истражувањето беше поттикната поради нејзината способност за брзо учење.
Новинар: РобертДимковски
