Трамп со нови критики за Ким Јонг-Ун

08.11.2017 10:35

Причина за вербалната војна меѓу челниците на САД и на Северна Кореја е нуклеарната програма на Ким Јонг Ун којашто ја загрозува глобаната безбедност.

Во обраќањето пред Јужнокорејскиот Парламент, американскиот претседател Доналд Трамп упати сериозни предупредувања до властите во Пјонгјанг. Причина за вербалната војна меѓу челниците на САД и на Северна Кореја е нуклеарната програма на Ким Јонг Ун којашто ја загрозува глобаната безбедност.

„Секој чекор напред на овој пат ја зголемува опасноста со која сте соочени. Северна Кореја не е рајот што твојот дедо го замислуваше. Таа е пекол, и ниту еден човек не заслужува да живее таму“, изјави претседателот на САД, Доналд Трамп.

Во рамките на својата азиска турнеја, во која доминира прашањето на Северна Кореја, Трамп се сретна со јужнокорејскиот претседател Мун Џеи-ин, а поради магла ја откажа посетата на границата меѓу двете Кореји. Наредна дестинација е Кина.