Кривичниот суд треба да ја изрече пресудата за „Тврдина 2“
На минатото рочиште во завршните зборови, обвинителите од Специјалното јавно обвинителство побараа најстрога казна за Грујевски како првообвинет. За останатите шест обвинети, вработени во УБК, СЈО побара да им бидат изречени алтернативни мерки, односно условни казни...

Во скопскиот Кривичен суд денеска треба да биде изречена пресудата за случајот „Тврдина 2“, во кој се обвинети поранешниот началник на УБК, Горан Грујевски и уште шестмина вработени.
На минатото рочиште во завршните зборови, обвинителите од Специјалното јавно обвинителство побараа најстрога казна за Грујевски како првообвинет. За останатите шест обвинети, вработени во УБК, СЈО побара да им бидат изречени алтернативни мерки, односно условни казни.
Како отежнителна околност е тоа што не се покајале за стореното кривично дело, а како олеснително е тоа што досега не се кривично гонети и осудувани и дел се самохрани родители.
Одбраната на обвинетите, пак, во звршниот збор од судот побара да ги ослободи, бидејќи во овој предмет нема кривично, туку евентуално прекршочно дело.
