Измените на Законот за јавни набавки на дневен ред во Собранието

08.11.2017 10:52

Целта на измените е да се отстранат непотребните бирократски процедури што доведуваат до намалување на ефикасноста и економичноста на постапките за доделување на договори за јавни набавки, и го загрозуваат остварувањето на начелото на рационално и ефикасно искористување на јавните средства, се вели во образложението.

Предлог законот за изменување на Законот за јавни набавки, по скратена постапка, со кој Владата предлага укинување на Советот за јавни набавки, на дневен ред на денешната 19-та седница на Собранието на Република Македонија.

Целта на измените е да се отстранат непотребните бирократски процедури што доведуваат до намалување на ефикасноста и економичноста на постапките за доделување на договори за јавни набавки, и го загрозуваат остварувањето на начелото на рационално и ефикасно искористување на јавните средства, се вели во образложението.

На дневен ред се и предложените измени на Законите за социјална заштита, за заштита на децата и за издавање обврзници на Република Македонија за денационализација, сите во второ читање