Скопје: Ќе се разгледуваат мерките за намалување на аерозагадувањето

08.11.2017 11:02

За денеска е најавена средба на министерот за животна средина со скопскиот градоначалник и со градоначалниците на општините, на која ќе се разгледуваат мерките за намалување на аерозагадувањето.

Скопјани се гушат. Концентрацијата на штетните честички во воздухот е многупати над дозволеното. Градските власти излегоа со препораки против аерозагадувањето во метрополата.

За денеска е најавена средба на министерот за животна средина со скопскиот градоначалник и со градоначалниците на општините, на која ќе се разгледуваат мерките за намалување на аерозагадувањето.

Жителите на Скопје во сите делови каде се мери квалитетот на воздухот веќе ги надминале максимално дозволените денови во кои може да бидат изложени на високи концентрации на ПМ10 четичките во воздухот. На прагот на зимата, кога загадувањето на воздухот е присутен скоро секој ден, скопјани во 10-тe изминати месеци веќе дишеле загаден возух над дозволените максимални вредности меѓу 79 и 139 денови.

Податоците на Министерството за животна средина покажуваат дека најмногу или 139 денови со загаден воздух и концентрација на ПМ10 честичките во воздухот имало во Гази Баба, кај Ректорат 135, Лисиче 101, Карпош 92 и Центар 79 денови.