САД: Демократите слават победа на локалните избори

08.11.2017 11:43

Де Бласио вети дека во наредните четири години Њујорк ќе се претвори во најправедниот град во Америка, а најави и зголемување на инвестициите во детските јасли и становите за сиромашните, и модернизирање на полицијата и на градското метро.

Демократскиот градоначалник на Њујорк, Бил де Бласио освои втор мандат со 66 проценти од гласовите на локалните избори.

Де Бласио вети дека во наредните четири години Њујорк ќе се претвори во најправедниот град во Америка, а најави и зголемување на инвестициите во детските јасли и становите за сиромашните, и модернизирање на полицијата и на градското метро.

Демократите триумфираа и во трката за гувернери во Вирџинија и во Њу Џерси.