Каталонија: Сепаратистите не постигнаа договор за предизборна коалиција
Според анкетите, кои ги врши весникот „Вангардија“, партијата на разрешениот каталонски лидер Карлес Пуџдемон „Каталонската европска демократската партија“ може да очекува меѓу 14 и 15 места, додека Републиканската левица на Каталонија (ЕРЦ) на Ориол Жункерас би освоила меѓу 45 и 46 пратеници.

Каталонските сепаратистички партии не постигнаа договор за настап со единствена кандидатска листа на регионалните избори закажани за 21 декември.
Според анкетите, кои ги врши весникот „Вангардија“, партијата на разрешениот каталонски лидер Карлес Пуџдемон „Каталонската европска демократската партија“ може да очекува меѓу 14 и 15 места, додека Републиканската левица на Каталонија (ЕРЦ) на Ориол Жункерас би освоила меѓу 45 и 46 пратеници.
Аналитичарите прогнозираат дека двете партии ќе можат да обезбедат мнозинство во регионалниот Парламент на Каталонија по изборите, но единствено во соработка со екстремно левата Кандидатура за народно единство (ЦУП).
