Апелационен суд

Прислушуваните материјали ќе бидат дел од доказниот материјал во случајот „Тенк“

08.11.2017 12:25

Откако беше одржана јавна седница, прифатена е жалбата на Специјалното јавно обвинителство за одлуката на Основниот суд, со која овие материјали првично беа отфрлени.

Апелацискиот суд одлучи- прислушуваните материјали ќе бидат дел од доказниот материјал во случајот „Тенк“ за набавката на луксузниот Мерцедес.

Откако беше одржана јавна седница, прифатена е жалбата на Специјалното јавно обвинителство за одлуката на Основниот суд, со која овие материјали првично беа отфрлени.

И одбраната сметаше дека не треба да се користат како докази, а поранешната министерка за внатрешни работи Јанкулоска рече дека ѝ била нарушена приватноста.

Апелација ваква одлука донесе и за настаните пред Општина Центар, за предметите „Триста“, „ТНТ“, „Топлик“ и за „Тендери“.