Тврдина 2

Грујевски осуден на една ипол година затвор, условни казни за останатите

08.11.2017 12:40

Првообвинетиот Горан Грујевски доби една ипол година затвор за случајот „Тврдина 2“. На другите шестмина обвинети, скопскиот Кривичен суд им изрече условни казни затвор...

Изречена пресудата за случајот „Тврдина 2“. Поранешниот началник на Петтата управа, Горан Грујевски доби 1,5 година затвор за уништување на опремата за прислушување во УБК, додека другите шетмина вработени во УБК, обвинети во случајот добија условни казни-  одлучи Кривичниот суд во Скопје.

Изразуваме задоволство од пресудата на Кривичниот суд. Одлуката е во рамки на нашите очекувања- изјави обвинитечката од СЈО, Ленче Ристоска.

Грујевски е во екстрадициски притвор во Грција, откако пред три месеци илегално ја напушти земјата, а пред 20-тина дена беше уапсен на солунскиот аеродром при обид за напуштање на Грција, заедно со неговиот поранешен колега од УБК, Никола Бошкоски, кој во „Тврдина 2“ требаше да се појави како сведок.

Предметот „Тврдина 2“ се однесува на уништување на службена документација поврзана со незаконското прислушување.