Наскоро почнува изградбата на експресниот пат Штип- Радовиш
Изгрдабата ќе се врши на комплетно нова траса. Инвестицијата чини 28 милиони евра, пари обезбедни од Европската банка за обнова и развој.

За еден месец ќе почне изградбата на експресниот пат Штип- Радовиш во должина од 23,5 киломтери. Изгрдабата ќе се врши на комплетно нова траса. Инвестицијата чини 28 милиони евра, пари обезбедни од Европската банка за обнова и развој.
Како што најави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, веќе е потпишан договорот за изградба и новиот пат треба да биде завршен до крајот на 2020 или почетокот на 2021 година. Истовремено со изградбата ќе се изврши обнова со проширување на постоечкиот регионален пат, во што ќе бидат вложени три милиони евра.
Овој пат ќе биде продолжување на автопатот Миладиновци- Штип кој очекуваме да биде завршен следната година, рече Сугарески, потенцирајќи ја важноста на патот за жителите од регионот и посочувајќи дека сообраќајот на стариот регионален пат се одвива во отежнати услови од аспект на безбедноста.
Новиот експресен пат ќе има две ленти со ширина од 3,5 метри и две ленти за застанување со ширина од два метра. Предвидено е да бидат изградени 11 мостови, 22 пропуста, три надпатника и два потпатника.
Потпишни или при крај се договорите за експресните патишта Градско- Прилеп, Ранковце- Крива Паланка и Штип- Кочани. До крајот на јануари идната година ќе се знае и колку ќе чини и крајниот рок за доизградба на автопатот Кичево- Охрид.
