Системски ќе се решава проблемот со загадувањето во Скопје
Според градоначалникот Шилегов, за 10 години во Скопје воздухот ќе биде чист. Во меѓувреме, најавени се краткорочни мерки- еколошко маркирање на возилата при технички преглед, намалување на цената на градскиот превоз и засилени инспекциски контроли.

Системски ќе се решава проблемот со аерозагадувањето во метрополата. Според градоначалникот Шилегов, за 10 години во Скопје воздухот ќе биде чист. Во меѓувреме, најавени се краткорочни мерки- еколошко маркирање на возилата при технички преглед, намалување на цената на градскиот превоз и засилени инспекциски контроли.
„Градот Скопје, заедно со МВР, иницира законски измени со кои при техничкит преглед на возилата секое возило да може еколошки да се мапира и да добие налепница. Потоа градските власти ќе можат административно да ги исклучуваат возилата што реално придонесуваат за загадување на воздухот. Системот пар- непар е неправичен“, изјави скопскиот градоначалник, Петре Шилегов.
Тој појасни дека нема да има дополнителни финансиски импликации врз буџетот на граѓаните бидејќи и така секој граѓанин врши технички преглед во текот на годината. Разликата, како што рече, е што при мерење на издувните гасови, што некаде се спроведува, а некаде не, ќе може да се категоризира возилото, каква и колкава количина на издувни гасови има и согласно тоа да се мапира во еколошка смисла.
Шилегов потенцира дека ова е само идеја и оти треба да се доработи. Секое возило би требало да добие соодветна боја на налепница како постојните што ги имаме при регистрација на возилата.
