МВР: Меѓусебно недоразбирање- мотив за убиството на Јанушев, се трага по убиецот

08.11.2017 14:17

По убиецот се трага и досега се сослушани 35 сведоци, а земени се за анализа и снимките од безбедносните камери од околните објекти, велат од МВР...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека едно лице е убиец на Мартин Јанушев, кој го загуби животот пред пет дена во скопски Аеродром, пред кафулето „Ред“. Убиството нема друга заднина, освен меѓусебно недоразбирање.

По убиецот се трага и досега се сослушани 35 сведоци, а земени се за анализа и снимките од безбедносните камери од околните објекти.

Од МВР велат дека од јули годинава има вкупно 12 убиства, од кои две сѐ уште не се расчистени, убиството на Дилавер Бојку и на Мартин Јанушев.