Иван Џолев- нов претседател на Кривичниот суд

08.11.2017 14:49

Судскиот совет со 11 гласа „за“ и два „против“ го избрал Иван Џолев за претседател на Основниот суд- Скопје 1. За ова позиција се кандидираа шестмина судии, додека една судијка ја повлекла кандидатурата...

Најголемиот Кривичен суд во земјава доби нов претседател. Откако Советот ја усвои ранг- листата, од осумте кандидати, Иван Џолев ја доби поддршката на 11 од вкупно 13-те членови. За да раководи со Скопска единица го мина и бадентеровиот филтер, добивајќи шест од вкупно шест гласа.

Изоставена е досегашната пракса да се избере кандидатот со највисока оценка, зашто овојпат од големо значење е, како што рекоа од Советот, судот да се ослободи од лошиот прекар, а првиот човек да има организациски способности, да ги балансира меѓучовечките односи кои долго време беа нарушени.

Судскиот совет побара новиот претседател да биде транспарентен кон медиумите и јавноста и да направи распоред на кој судииите ќе имаат помалку приговори.

Иван Џолев има девет годишно искуство како судија, што е речиси исто со другите кандидати, освен Осман Шабани кој е судија седум години и Весна Димишкова, речиси 13 години.

Фиљана Кока