Брисел: Дводневна средба на министрите за одбрана на НАТО
Се очекува утре министрите да одобрат зголемување на бројот на војници во мисијата во Авганистан, како знак на поддршка на новата стратегија на американскиот претседател за таа земја.

Авганистан, Северна Кореја, Русија и Сирија ќе бидат главни теми на дводневната средба на министрите за одбрана на земјите- членки на НАТО, што се одржува во Брисел.
На денешната вечера ќе присуствува и високата претставничка на Европска унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини. Се очекува утре министрите да одобрат зголемување на бројот на војници во мисијата во Авганистан, како знак на поддршка на новата стратегија на американскиот претседател за таа земја.
Меѓудругото предвидено е американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис да се сретне со министри и претставници на меѓународната антиџихадистичка коалиција при што ќе разговаат за кампањата против Исламска држава во Ирак и во Сирија.
