ВМРО-ДПМНЕ: Одговорност од министерот Спасовски
Младиот Јанушев во петокот беше брутално ликвидиран пред кафуле, на улица, пред очевидци и минувачи, а никој не понесува одговорност. Убиецот се шета на слобода...

ВМРО-ДПМНЕ побара одговорност од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, поради како што велат, несоодветно постапување на полицијата по бруталната егзекуција на младиот фудбалер Јанушев.
„Младиот Јанушев во петокот беше брутално ликвидиран пред кафуле, на улица, пред очевидци и минувачи, а никој не понесува одговорност. Убиецот се шета на слобода, исто како и тие што му помагаат и веќе шести ден е засолнет и бара алиби. Како што целата јавност ги знае имињата на убиецот и неговите помагачи, така ги знае и полицијата. Нема некој што не ја знае нивната блискост со актуелната власт и со криминалните кругови блиски до Заев и раководството на СДС“, вели Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ прашува зошто не е распишана потерница по убиецот, ако се знае дека имало очевидци при убиството.
