Преговарачите за името на нова средба до крајот на ноември

08.11.2017 15:39

Преговарачите во спорот за името месецов ќе имаат средба- потврди министерот за надворешни работи. Медијаторот Нимиц во оваа фаза не доаѓа во земјава. Димитров вели дека градат позитивна клима. Посочува- покрај убавите зборови, потребни се и конструктивни ставови...

Средба на преговарачите за името до крајот на месецот без присуство на медијаторот Метју Нимиц, најави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров. Освен убавите зборови, Димитров истакна дека повеќе би сакал да има конструктивни ставови.

Факт е дека процесот беше во застој подолго време, меѓудругото и поради тоа што се наметнаа други прашања кои сами по севе претставуваа пречка на нашите интеграции покрај пречката за разликата околу името, демократскиот пат, провлемите со зависното судство, со неслободни медиуми. Бидејќи има еден сериозен напор со политичката промена што ја доживеа Македонија да се работи на остранување на овие пречки, има и извесна лекција- кога ќе затворите една земја кандидат во чекалната предлого време можно е да се изгуби компасот“, изјави шефот на дипломатијата Димитров.

Запрашан за тоа дали ќе се отстрануваат елементи од проектот Скопје 2014-та, Димитров со став дека треба да бидат одеземени сите аргументи во корист на блокадата во евроатлантските интеграции.

Нашата политика е да им одземаме аргументи на тие што би сакале блокадата на нашиот евроатлански пат да остане. Разликата на сегашната надворешна политика во однос на претходната е што претходната за жал даваше аргументи на оние политички сили кои не се заинтересирани за да се отворат вратите за Македонија. Ние сме заинтересирани вда нема такви аргументи, не само да не даваме аргументи, туку и да одземаме“, нагласи Димитров.

Дел од грчките медиуми периодов објавија дека постои утврден распоред за решавање на проблемот што Атина го има со нашето уставно име, со цел Македонија да влезе во НАТО на самитот во јули. Овој распоред, според медиумите кај јужниот сосед, предвидува и повлекување на статуите и целосно уништување на планот „Скопје 2014-та“.

 

Марија Котовска