Обединувањето на Кипар ќе ги подобри енергетски потреби на Тирција
Кипарскиот претседател Никос Анастасиадис изјави дека еден договор за обединување на етнички поделениот остров ќе ги подобри енергетските потреби на Турција.
Тој истакна дека со договорот ќе и се овозможи на Турција да биде снабдувана со новооткриениот кипарски и израелски природен гас и ќе придонесе за подобрување на односите меѓу Анкара и Тел Авив.

Анастасиадис нагласи дека САД придонеле за обновување на мировните преговори за обединување на Кипар, а зголемениот интерес за договор се темели врз потенцијалот на регионалната енергетска соработка и обид за намалување на нестабилноста во еден немирен регион.
Кипарскиот претседател додаде дека Израел, исто така, може да ја снабдува Турција преку обединетиот Кипар, најавувајќи ја посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Никозија оваа пролет