Стручно образование и обуки за возрасни
Со европска помош ќе се развива системот за стручно образование и обуки за возрасни. Проектот за доживотно учење треба да помогне во процесот за намалување на невработеноста.

Зголемување на можностите за вработување на оние со завршено средно стручно образование и обуки може да се постигне само со приспособување на наставните програми за да се задоволат потребите на пазарот на труд, велат од Министерството за образование. Преку прокетот „Јакнење на доживотното учење преку модернизација на системот за стручно образование и обука и образованието на возрасни“, обучени се повеќе од 800 лица од образовниот сектор и се направени првите чекори во насока на создавање на модуларен систем на образование.
Според надлежните, Центарот за средно стручно образование и Бирото за развој на образованието, треба што е можно побргу да обезбедат наставни помагала за учениците од средното стручно образование.
Во поглед на образованието за возрасни, во рамките на проектот е подготвена Стратегијата за образование на возрасни 2018 - 2022, ревидирани се 15 програми за образование на возрасни, а сертифицирани се и 48 обучувачи на возрасни. Подготвена и првата Националната стратегија за доживотно учење во Македонија.
Наташа Јанчиќ
