Протест на работници од кавадаречки „Фени“
Од Синдикатот велат дека цената на никелот е поволна, што претставува шанса за изнаоѓање решение за комбинатот кое ќе биде прифатливо за сите.

Работници од кавадаречки „Фени“ на протест. Незадоволни се од покренувањето на стечајна постапка од најголемите доверители: Стопанска банка- Скопје, Комерцијална и Силк Роуд банка.
Од Синдикатот велат дека цената на никелот е поволна, што претставува шанса за изнаоѓање решение за комбинатот кое ќе биде прифатливо за сите.
„Фени е во заложништво меѓу поранешното и сегашното раководство, доверителите и новите потенцијални купувачи и затоа е во состојба која е апсолутно неприфатлива и до која не смееше да дојде, затшто решение може да се најде во чекори“, изјави Пеце Ристески, претседател на Синдикатот на индустрија, рударство и енергетика.
Од „Фени“ тврдат- се преземаат мерки за одржување на технолошкиот минимум.
