Нов експресен пат од Штип до Радовиш
За еден месец почнува изградбата на експресната делница Штип- Радовиш на комплетно нова траса. Инвестицијата е 28 милиони евра, патот готов за три години...

За еден месец почнува изградбата на експресниот пат Штип- Радовиш во должина од 23,5 километри. Инвестицијата чини 28 милиони евра, парите се обезбедни од Европската банка за обнова и развој. Делницата ќе се изведува на целосно нова траса.
Од Министерството за транспорт и врски посочуваат дека се потпишани или се при крај договорите за изградба на втората делница од експресниот пат Градско- Прилеп, за потегот од Ранковце- Крива Паланка и за Штип- Кочани.
До крајот на јануари, Владата и кинески „Синохидро“ треба да ги завршат и преговорите за изградба на автопатот Кичево- Охрид. Тогаш ќе се знае колку ќе чини и кој ќе биде крајниот рок за изведба на делницата.
Од следниот месец ќе бидат отстранети сите пречки за продолжување на изградбата на автопатот Миладиновци- Штип за кој со анекс договор беше продолжен рокот до септември 2018-та година. Документацијата за Скопје- Блаце е готова и ќе се користат пари од инвестицискиот фонд за Западен Балкан, соопшти ресорот.
Се огласи и ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека е добро што Владата го реализира нивниот проект за Штип- Радовиш. Од партијата реагираат и дека изградбата на автопатот Кичево- Охрид е стопирана, а Демир Капија- Смоквица не е ставен во употреба поради банални причини.
Дијана Ценевска
