Златен сјај на рускиот боб двосед!
Фаворитите ги поделија медалите во боб двосед.

Најдобриот руски екипаж Александер Зубков – Алексеј Војевода две години ги пропушташе големите натпреварување, не излегуваше од патеката Санки само за да го освои златното одличје во Сочи. И успеа затоа што во сите четири трки имаше најдобар резултат, во третата и со рекорд на патеката 56:08. Зубков и Војевода бронзата од Ванкувер ја претопија во злато со 66 стотинки подобар вкупен резултат од првиот швајцарски тандем Бит Хефти – Алекс Бауман и 88 во однос на најдобрите Американци, двајцата Стивен, Холкомб и Ленгтон.
Не сметајќи го Советскиот сојуз со по едно злато и бронза, токму Зубков и Војевода се единствените Руси и тоа двојни олимписки медалисти во боб двосед. Со среброто на Хефти и на Бауман, Швајцарија и натаму е најуспешна нација во оваа дисциплина со 16 одличја, додека Холкомб и Ленгтон на Соединетите Американски Држави и го донесоа вкупно седмиот медал.
