Јовановиќ: Се подготвуваат промени кај данокот на добивка

09.11.2017 13:08

Според советникот на министерот, Бранимир Јовановиќ, овој вид данок е далеку покомплексен отколку персоналецот.

Владата веќе најави воведување на прогресивна стапка кај персоналниот данок на доход за највисоките плати од 1-ви јануари 2019-та, но во ресорот за финансии размислува и за реформа кај данокот на добивка.

Според советникот на министерот, Бранимир Јовановиќ, овој вид данок е далеку покомплексен отколку персоналецот.

Компаниите со користење на таканаречените трансферни цени ја намалуваат даночната основа и затоа и монетарците побарале од Владата, овие промени ургентно да се направат.