Иванов: А-5 е отворена врата кон НАТО
Јарданската повелба претставува јасна порака за отворената врата на НАТО. Во повебата се истакнува дека Европа нема да биде вистински слободна се додека целиот регион на Југоисточна Европа не е безбеден- рече претседателот Иванов на конференцијата на началниците на Генералшатабовите на армиите од земјите- членки на САД и Јадранската повелба...

Проширување на соработката меѓу земјите од А-5 групата за целосна интеграција во НАТО и придонес за безбедноста на Алијансата- тема на конференцијата на началниците на Генералшатабовите на армиите од земјите- членки на САД и Јадранската повелба.
„Јарданската повелба претставува јасна порака за отворената врата на НАТО. Во повебата се истакнува дека Европа нема да биде вистински слободна се додека целиот регион на Југоисточна Европа не е безбеден. Европа не може да биде обединета, се додека има држави од регионот кои се уште не се вклучени во евро- атлантските институции. Отворената врата е метафорична покана да влеземе во Алијасата, а сепак, речиси десет години Република Македонија чека пред отворената врата на НАТО“, истакна во својот говор, шефот на државата Ѓорге Иванов.
Соработка да, но и поголема солидарност меѓу земјите од регионот, рече во обраќањето началникот на Генералштабот на македонската армија, Генерал Величковски. Годинава за прв пат во фокусот соработката во однос на кибернетичката одбрана.
Јадранската група е формирана во 2003-та година меѓу Македонија, Хрватска и Албанија, првично како А-3, а шест години подоцна им се приклучија Босна и Херцеговина и Црна Гора.
