Предлог- буџетот за 2018-та на владина седница

09.11.2017 13:25

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи својата 37 седница посветена на буџетот за 2018 година, соопштија од владината прес- служба...

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи својата 37 седница, на која ќе го разгледа и ќе донесе одлуки за Предлог- буџетот за 2018-та година.

Како што соопшти владината прес- служба, на седницата Министерството за финансии ќе го поднесе на разгледување и Предлог- законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2018 година.

На денешната владина седница ќе се најдат и неколку други точки од интерес на граѓаните на Република Македонија.