Приведени тројца албански државјани на македонско-грчката граница кај Дојран

09.11.2017 14:14

Како што соопшти полицијата, вчера во 13:40 часот во село Николич, кај местото „Црква“, патролен тим од Полициска станица за граничен надзор Стар Дојран, при обид за илегален премин на македонско-грчката граница ги привеле Б.В.(35), Б.К.(25) и Ф.Г.(26), сите државјани на Република Албанија.

Тројца албански државјани приведени се при обид илегално да ја минат македонско-грчката граница кај Дојран.

Како што соопшти полицијата, вчера во 13:40 часот во село Николич, кај местото „Црква“, патролен тим од Полициска станица за граничен надзор Стар Дојран, при обид за илегален премин на македонско-грчката граница ги привеле Б.В.(35), Б.К.(25) и Ф.Г.(26), сите државјани на Република Албанија.

Приведените се предадени на полициски службеници при Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ за понатамошна постапка.