Метео: Сончево со умерена облачност
09.11.2017 15:44
Температурата во Скопје ќе достигне до 15, а максималната дневна до 18 степени.

Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со слаб ветер претежно од југозападен правец. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла.
Температурата во Скопје ќе достигне до 15, а максималната дневна до 18 степени.
Во вечерните часови се очекува зголемување на облачноста, а од сабота следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
