Швајцарија се соочи со киднапирање на авион
Драмата, со киднапираниот етиопски авион заврши со среќен крај. Човекот којшто го киднапира авионот на компанијата „Етиопиан Ерлајнс“ којшто принудно слета на женевскиот аеродром е копилотот. Го искористил одењето на капетанот во тоалет и ја презел командата со леталото.
- „Се е под контрола Киднаперот го уапсивме, кога се обиде преку прозорецот со јаже да побегне . Не беше вооружен , но побара да добие азил во нашата земја поради тоа што не бил безбеден во Етиопија,“ изјави Филип Грангиен- портпарол на полицијата .
Патниците коишто требаше да пристигнат на крајната дестинација во Рим , се безбедно евакуирани , а еден од нив на полицијата предал тонската снимка што претходно ја објавил и на Твитер од разговорот мегу киднаперот и контролата на женевскиот аеродром каде што јасно се слушало барањето за азилна киднаперот.
Швајцарските медиуми , и по овој инцидент , информираат дека и покрај тоа што земјата донесе ригорозни мерки за одобрување на азил посебно за африканските граѓани,укинувајки го военото дезерерство како причина з а барање на азил , сепак најмногубројни баратели останаа еритрејците , суданците , иетиопјаните . Во моментов се регистрирани 48 илјади барања . Со тоа земјата се најде на шестото место според бројката на апликации воЕвропската Унија.
Мирјана Василева
