Вајгл ги продолжува разговорите за проектот „Жан Моне“
Целта на разговорите е иницијативата „Жан Моне“, односно во куќата на некогашниот француски политичар крај Париз да разговараат претсавниците на македонските партии за постигнување на политички компромис за иднината на земјата.

Известителот на Европскиот парламент за Македонија, словенечкиот европратеник Иво Вајгл ги продолжува средбите со партиите застапени во македонскиот Законодавен дом. По вчерашните со опозицијата, денеска Вајгл ќе разговара со претсавниците на партиите на власт.
Целта на разговорите е иницијативата „Жан Моне“, односно во куќата на некогашниот француски политичар крај Париз да разговараат претсавниците на македонските партии за постигнување на политички компромис за иднината на земјата.
Инаку Вајгл секогаш се чувствувал добро во земјава.
