Трамп со критики кон АПЕК

10.11.2017 10:24

Во обраќањето на Самитот за Азиско- пацифичка економска соработка познат како АПЕК, кој се одржува во Да Нанаг, Виетнам, Трамп нагласи дека Соединетите Американски Држави ќе соработуваат сѐ додека сите земји- членки ги почитуваат правичноста и реципроцитетот.

Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека нема да толерира „хронична злоупотреба на трговијата“.

Во обраќањето на Самитот за Азиско- пацифичка економска соработка познат како АПЕК, кој се одржува во Да Нанаг, Виетнам, Трамп нагласи дека Соединетите Американски Држави ќе соработуваат сѐ додека сите земји- членки ги почитуваат правичноста и реципроцитетот.

АПЕК го сочинуваат 21 економија од двете страни на Пацифичкиот регион, кои создаваат околу 60% од светскиот бруто-домашен производ. Во Виетнам се очекува и да оствари средба со неговиот руски колега Владимир Путин.