За овој месец не е најавена посета на Нимиц

10.11.2017 10:28

До крајот на месецов проширени тимови од Македонија и Грција треба да се сретнат во Брисел или во Женева, но и натаму како можност се јавува Њујорк.

За овој месец не е најавена посета на Метју Нимиц, посредникот за решавање на разликата за името меѓу Макеоднија и Грција. Ова го посочуваат од Кабинетот на Нимиц и дополнуваат дека за поконкретни информации медиумите ќе бидат навреме известени.

До крајот на месецов проширени тимови од Македонија и Грција треба да се сретнат во Брисел или во Женева, но и натаму како можност се јавува Њујорк.

Македонија и Грција треба да настапат на разговорите во формат два плус два, но освен овие учесници ќе има и од министерствата за надворешни работи.