Вардар ЖРК и Вардар СЦБТ со долгорочни договори со најдобрите
Осум ракометарки и петмина ракометари од актуелните состави на Вардар ја продолжија верноста со женскиот и со машкиот клуб.

На заедничката прес конференција беа обновени договорите сонајдобрата светска ракометарка Андреа Лекиќ, која ќе остане уште две години, исто колку и Радичевиќ, Дембеле, Пино, Зебиќ и Леино. Хмирова останува до 2017, а Суслина до 2018 година. Покрај нив, кои цврсто газат кон “Фајнал фор“ турнирот, Вардарки од следната сезона ќе бидат посилни за Андреа Пенезиќ и Барбара Лазетиќ, сегашни ракометарки на Крим.
Машкиот клуб, кој ја исполни приоритетната цел со пласманот меѓу 16 најдобри, ги продолжи договорите со Алем Тоскиќ во наредните две сезони, со Карачиќ и со Абутовиќ за три, со Милиќ за 5 години, и со најдобриот сезонава Дибиров, кој ќе биде играч на Вардар се до 2020 година. Со тоа, клубовите кои се синоним за македонскиот спорт, ја потврдуваат својата долгорочна стратегија во која имаат амбиции да ја освојат Европа, и притоа да промовираат што повеќе млади македонски таленти од својата ракометна школа.
