Заев: Буџетот со развојна компонента, обезбедени повеќе пари за граѓаните и за стопанството
Дел од препораките по јавната дебата се вметнати во предлогот, но има простор за нови идеи сѐ до конечното усвојување...

Владата го усвои предлог-буџетот за в година и го прати во Законодавниот дом. Премиерот Заев вели – државната каса има развојна компонента, обезбедени повеќе пари за граѓаните и за стопанството.
Предлог буџетот ги обезбедува основните функции на државата за непречена и навремена исплата на плати, пензии, социјални трансфери. Ова е буџет за граѓаните и за финансиска стабилност. Обезбедува услови за реално раздвижување на економијата, при што ќе целиме кон што поголема реализација на капиталните инвестиции, посочи премиерот Заев.
Дел од препораките по јавната дебата се вметнати во предлогот, но има простор за нови идеи сѐ до конечното усвојување од пратениците.
