Осуммина студенти загинаа под урнат таван на амфитеатар
Осуммина студенти загинаа во јужнокорејскиот град Ѓенџу, а 15 се сериозно повредени, откако заради натежнатиот снег се урна таванот на амфитеатарот, пренесоа светските агенции.

Лесно се повредени 58 лица.
Спасувачите стравуваат дека уште најмалку 10 лица можно е да се останати затрупани под урнатините. Претходно агенциите соопштија за 50 затрупани и дека пожарникарите се подготвуваат да употребат тешка техника за да стигнат до евентуални преживеани.
Силната снежна виулица им пречи на спасувачите во операциите на вадење на преживеаните.
Во зградата, во која се одиграла трагедијата, бил организиран пречек на студентите од прва година на Универзитетот за странски истражувачи во градот Пусан.
За време на инцидентот во зградата имало над 500 студенти. Многу од нив успеале да излазат сами.
