Џолев: Нема да дозволам политички притисок врз судиите
Новоизбраниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Џолев се заколна пред Судскиот совет. Тој беше избран со 11 гласа „за“ и два „против“ на седницата што ја одржа Советот пред два дена...

Од судиите ќе барам да постапуваат во согласност со законот, без притисоци и влијанија од политички структури. Ова го изјави новиот претседател на скопска единица откако даде свечена заклетва пред членовите на Судскиот совет. Порача - не смее да постојат оправдувања и алиби доколку состојбите во судот не се поправат.
Распоредот на судиите доаѓа со крајот на годината, рече Џолев. Вети дека ќе нема итни прераспоредувања на судиите, освен по исклучок, во случаи кога е потребно да се интервенира моментално.
Претседателот на Судскиот совет Караџовски, пак, рече дека четворица судии кои биле делегирани на работа во Скопје се вратени во матичните судови.
Со 11 гласови „за“, Џолев беше избран за претседател на Кривичниот суд. Неговиот претходник, судијата Стојанче Рибарев поднесе оставка од функцијата од здравствени причини.
Анита Димитријевска
