ЗОИ СОЧИ 2014

Домрачева за историја

17.02.2014 21:21

Трет златен медал едноподруго за неверојатната Даша, освоен во трката на 12 и пол километри масовен старт...

Во Лаура бијатлон центарот во Олимписко Сочи ништо ново, барем на највисокото место на пиедесталот. Се дигна маглата за светот одново да ја види феноменалната белоруска бијатлонка Дарја Домрачева.

Трет златен медал едноподруго за неверојатната Даша, освоен во трката на 12 и пол километри масовен старт. Одново убедливо, супериорно, тактички совршено за цели 20 секунди пред Габриела Сукалова од Чешка која во вториот настап на зимските игри стигна до првиот медал во кариерата, како и најмладата на пиедесталот 23-годишната Тирил Екоф од Норвешка.

Од стартот Домрачева го диктираше темпото, беше прецизна на првите три стрелишта , создаваше предност за евентуално промашување што и се случи на стрелиштето 4 , но промаши и Сукалова, па епилогот беше очекуван. Во завршните три километри битката се водеше за бронзата , а до неа стигна Еков во директен дуел со германката Сахенбахер. Одложената трка во машка конкуренција на 15 километри масовен старт на програмата е утре од 11 часот и 30 минути.