Стотици жртви во земјотрес во Иран и Ирак

13.11.2017 10:04

Помош и засолниште побарале околу 70 илјади луѓе. По првиот потрес, имало 12 последователни со интензитет од околу 4 рихтери.

Над 200 жртви и илјадници повредени во земјотресот од 7,3 рихтери на иранско-ирачката граница. Помош и засолниште побарале околу 70 илјади луѓе. По првиот потрес, имало 12 последователни со интензитет од околу 4 рихтери.

„Одеднаш падна стаклото од масата. Многу чудно. Вентилаторот почна да се тресе. Се исплашивме зашто знавме дека мора да бегаме, куќата ни е стара“, вели еден жител.

Земјотрес од 5,8 степени по Рихтер е регистриран и во близина на источниот брег на Јапонија. Нема информации за жртви или материјална штета, а не е издадено ниту предупредување за цунами.