Протест против сексуалното малтретирање во Холивуд

13.11.2017 10:07

Демонстрантите носеа облека со натписот „#ИЈас“, кој стана парола на илјадници лица кои во изминатите месеци ги обелоденија личните приказни за претрпеното сексуално малтретирање.

Стотина демонстранти се собраа во Холивуд да протестираат против сексуалното малтретирање на актерките и актерите.

Демонстрантите носеа облека со натписот „#ИЈас“, кој стана парола на илјадници лица кои во изминатите месеци ги обелоденија личните приказни за претрпеното сексуално малтретирање.

Во најсериозните скандали се вклучени холивудски мега-ѕвезди, меѓу кои се и Харви Вајнстин и Кевин Спејси.