Пахор со уште еден мандат
13.11.2017 10:39
Поддршка доби од 53% од гласачите и го порази градоначалникот на Камник, Марјан Шарец кој доби речиси 47% од гласовите.

Словенечкиот претседател Борут Пахор освои втор мандат. Поддршка доби од 53% од гласачите и го порази градоначалникот на Камник, Марјан Шарец кој доби речиси 47% од гласовите.
Кариерата ја почна кога Словенија беше дел од Југославија, и пред да биде избран за претседател во декември 2012 година, беше претседател на парламентот, европратеник и премиер.
