Премиерот Заев во посета на Словенија

13.11.2017 11:07

Премиерот Заев денеска ќе оствари тет-а-тет средба со словенечкиот премиер Миро Церар, додека министрите кои се дел од делегацијата ќе имаат билатерални средби со нивните словенечки колеги, по што ќе следува и заедничка, пленарна средба на двете владини делегации.

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, денеска и утре престојува во официјална посета на Република Словенија.

Премиерот Заев денеска ќе оствари тет-а-тет средба со словенечкиот премиер Миро Церар, додека министрите кои се дел од делегацијата ќе имаат билатерални средби со нивните словенечки колеги, по што ќе следува и заедничка, пленарна средба на двете владини делегации.

Во рамките на првиот ден од посетата, македонскиот премиер ќе има средба со припадниците на МВР на Словенија кои учествуваа во мисијата за поддршка на Република Македонија во обезбедувањето на јужната граница за време на мигрантската криза.

Премиерот Заев утре ќе ја продолжи посетата со работен појадок со делегација на словенечки бизнисмени. Премиерот Зоран Заев ќе се сретне и со претседателот на Државниот збор на Република Словенија, Милан Брглез, како и со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор.