Анкара купува руски антиракетен систем

13.11.2017 11:21

С-400 е модерен одбранбен систем против ракети „земја-воздух“ и е дел од арсеналот на многу земји.

„Одлуката на Турција да купи софистициран противракетен систем од Русија не е никаква политичка порака“, изјави претставник од турската власт, еден ден откако Анкара ја најави финалната фаза од договорот кој може да влијае врз односот со НАТО.

„Поради технички и финансиски причини се купува системот С-400. Турција го избра овој тип бидејќи има понапредни технички карактеристики од конкурентите, има подобра цена и пократок период на испорака“, изјави Ахмет Берат Чонкар, шеф на турската делегација во НАТО.

С-400 е модерен одбранбен систем против ракети „земја-воздух“ и е дел од арсеналот на многу земји. Пред овој договор, Турција, којашто е членка на НАТО, размислуваше и за купување на американскиот систем „Патриот“.