Звуците на Сејсон и Филхармонијата во новиот театар
18.02.2014 09:06
Концертот насловен „ОГНЕНА ХАРФА“ ќе се одржи на 20 февруари 2014 година, со почеток во 20:00 часот, во новиот објект на Македонскиот наорден театар

По неверојатните настап на Емануел Сејсон со Македонската филхармонија во 2010 и 2011 година и одличните критики во македонскиот печат, овој фантастичен млад харфист повторно се враќа на концертниот подиум во Скопjе.
Концертот насловен „ОГНЕНА ХАРФА“ ќе се одржи на 20 февруари 2014 година, со почеток во 20:00 часот, а за прв пат во новиот објект на Македонскиот наорден театар ќе прозвучат звуците на симфонискиот оркестар на Македонската филхармонија.
Харфистот Сејсон, кој исто така е победник на престижниот натпревар АРД во Минхен, за прв пат во Македонија ќе го изведе Концертот за харфа и оркестар од аргентински композитор Алберто Гинастера.
Диригент на концертот е Борјан Цанев, а на програмата се лиричната Симфонија d-moll од францускиот композитор Цезар Франк, како и праизведба на Недовршена рапсодија од македонскиот композитор Томислав Зографски.
