Скопје го одбележа Денот на ослободувањето
Културни, хуманитарни, спортски манифестации- Скопје го одбележа 13-ти ноември, Денот на ослободувањето од фашистичката окупација. Оддадена почит на борците. Главниот град се сеќава на храброста...

Во историјата на Скопје имало разни ослободувања, но ова ослободување македонскиот народ го извојувало со сопствени сили, со формирањето на повеќе скопски одреди и бригади во текот на војната. Во борбите за ослободувањето на главниот град, животот го загубиле 398 борци, рече претседателот на Градскиот одбор на Сојузот на борци. Се осврна и на актуелната политичка состојба во земјава.
„Скопје денеска е град со многу предизвици. Загадувањетое најголемиот, но и инфраструктурата, сообраќајот, урбанизмот, зеленилото. Многу од овие проблеми се надминливи и решливи, само доколку сите ние сме подготвени да се откажеме од дел од нашите удобства и да инвестираме во нашата заедничка иднина“, рече скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Им изразиблагодарност на борците кои се вклучиле во солободувањето на Скопје.
Градоначалникот на Скопје и делагација на Советот денеска положија и цвеќиња пред Споменикот на ослободителите на Градот Скопје, на Партизанските гробишта и пред Споменикот на Генерал Михајло Апостолски на градските гробишта „Бутел“.
Ана Јосифоска- Тодоровска
