Кривичен суд

Нов обид за почеток на судењето за случајот „Труст“

14.11.2017 09:21

Бизнисменот Кочан заедно со уште две лица се товарат за злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство.

Во Кривичниот суд нов обид за почеток на судењето за случајот „Труст“ во кој обвинет е бизнисменот Сеад Кочан. Предходното рочиште беше одложено бидејќи одбраната побара време за да направи увид во доказите што ги предлага Специјалното јавно обвинителство.

Кочан заедно со уште две лица се товарат за злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство.

Според СЈО, се работи за фалсификување на документација за добивање тендер од ЕЛЕМ во 2011-та година. Во „Труст“ се обвинети и три компании дека доставиле лажна документација во која прикажале наводна сопственост на тешка механизација за ископување, која ја немале и не ја набавиле, а таа што ја имале била со помал капацитет.