Собрание

Продолжува собраниската расправа за Законот за јазиците

14.11.2017 09:25

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата сметаат дека со Законот се воведува двојазичност на целата територија на државата и се ревидира Охридскиот договор. Парламентарното мнозинство, пак, тврди дека Законот ќе придонесе за зголемување на соживотот и е во согласност со Уставот.

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи расправата по Предлог-законот за употреба на јазиците во прво читање.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата сметаат дека со Законот се воведува двојазичност на целата територија на државата и се ревидира Охридскиот договор. Парламентарното мнозинство, пак, тврди дека Законот ќе придонесе за зголемување на соживотот и е во согласност со Уставот.

Собранието по оваа, треба да ја продолжи 12-тата седница на чиј дневен ред се Предлог- законот за дополнување на Законот за исплата на платите во Република Македонија по скратена постапка, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување по скратена постапка, Предлог-законот за издавање вредносни бонови - ваучери по скратена постапка, сите три поднесени од Драган Данев, Илија Димовски и Невенка Стаменковска, како и Предлог-одлуката за утврдување на бројот на потпретседателите на Собранието на Република Македонија.