Изгоре семејна куќа во Прилеп

Градоначалникот на Прилеп вети помош за обнова на домот на семејството Стеваноски

14.11.2017 09:38

Прилепското семејство Стеваноски остана без сѐ што печалеле во својата семејна куќа. Пожар во неделата вечерта, од сѐ уште не утврдени причини ги остави без покрив над главата. Општината веднаш се одзва за помош, останува апелот до сите добронамерни луѓе за помош...

Прво чад во дневната соба кај телевизорот, а потоа паника. Повик за помош, но огнената стихија била без милост. Прилепското семејство Стеваноски во неделната ноќ остана без покуќнина, без сѐ што со години печалеле. Пожарот им ја изгорел целата внатрешност на семејната куќа.

Стеваноски со апел за помош. Да не останат на улица овие студени денови. Веќе се одзва локалната самоуправа за финансиски да ги поддржи и да им излезе во пресрет.

Апелот за помош за прилепското семејство Стеваноски останува за сите добронамерни луѓе.

 

Елизабета Митреска